Колска за 350.000 евра ќе поправи 24 товарни вагони

Bez autora
Sep 18 2011

Фабриката за шински возила "Колска" од Велес со компанијата "Феро никел" од Косово склучи бизнис-зделка тешка 350.000 евра. Дваесет и четири товарни вагони на косовската фирма се обврза Колска" да ги поправи во рок од 75 дена. Првите осум се веќе готови и во текот на наредниве неколку дена ќе бидат испорачани, а следната недела ќе пристигне втората пратка од осум вагони. Ваков договор со странска фирма "Колска" потпишува после десет години на ваква сума и со толкав број вагони. Успешно го реализиравме првиот дел од проектот. Првите осум се успешно направени. Косовската компанија е задоволна од нас и ова е само доказ дека можеме да бидеме конкурентни на пазарот на Балканот и во иднина да ја заборавиме онаа слика што ја имала Колска. Велешката фабрика за шински возила има добра соработка и со јавното претпријатие "Македонски железници". Моментално на поправка се три патнички вагони од кои едниот во сообраќај ќе биде пуштен следната недела, а останатите до крајот на годинава.

Колска за 350.000 евра ќе поправи 24 товарни вагониФабриката за шински возила "Колска" од Велес со компанијата "Феро никел" од Косово склучи бизнис-зделка тешка 350.000 евра.

Дваесет и четири товарни вагони на косовската фирма се обврза Колска" да ги поправи во рок од 75 дена. Првите осум се веќе готови и во текот на наредниве неколку дена ќе бидат испорачани, а следната недела ќе пристигне втората пратка од осум вагони.

- Ваков договор со странска фирма "Колска" потпишува после десет години на ваква сума и со толкав број вагони. Успешно го реализиравме првиот дел од проектот. Првите осум се успешно направени. Косовската компанија е задоволна од нас и ова е само доказ дека можеме да бидеме конкурентни на пазарот на Балканот и во иднина да ја заборавиме онаа слика што ја имала Колска" - рече Александар Атанасов, директор на "Колска".

Според него велешката фабрика за шински возила има добра соработка и со јавното претпријатие "Македонски железници". Моментално на поправка се три патнички вагони од кои едниот во сообраќај ќе биде пуштен следната недела, а останатите до крајот на годинава. За моменталната состојба со железничкиот сообраќај во Македонија директорот на "Колска" вели дека вината е во претходните раководители на железницата.

- Проблемот е во претходните директори кои оставиле работите да се таложат. Тоа тлеело, тлеело и сега мораше да се појави проблемот. Нема доволно патнички вагони - рече Атанасов.

Дека вработените се подготвени да прифатат работа, зборува и фактот што за една година тие реконструираа седум патнички вагони. Наредната година 220 вработени очекуваат да поправат уште толку.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik